Со оглед на заканите за суверенитетот на Данска и од исток и од запад (Од запад Трамп и неговите амбиции кон Гренланд, а од исток Русија и нејзиното влијание на Балтикот), не е изненадувачки што данското претседателство со ЕУ ќе се темели, како и полското претседателство, на безбедноста.
Данската премиерка Мете Фредериксен јасно стави до знаење дека „следните шест месеци првенствено ќе бидат потрошени за поттикнување на Европа во однос на безбедноста“.
На почетокот на 2025 година, данската министерка за европски прашања, Мари Бјер, изрази желба да ги отвори сите преговарачки кластери со Украина и Молдавија. Додека блокадата на Унгарија во советот ја ублажи оваа амбиција, данската влада наговести за можноста за заобиколување на унгарското вето.
Друга опција е да се промовираат иницијативи што овозможуваат постепена интеграција на земјите кандидати и земјите аспиранти за кандидатство, особено кога формалниот процес на проширување ќе застане. На пример, претседателството на Данска може да ги истакне постојните инструменти на ЕУ, како што е учеството во областите на единствениот пазар за да им помогне на кандидатите да се подготват за членство, што подразбира бистирање на Планот за раст.
Паралелно, Данска како земја-членка може да продолжи со конкретна соработка преку билатерални иницијативи – како што е договорот меѓу Фредериксен и украинскиот претседател Володимир Зеленски за беспилотните летала, како и друг договор кој ја гледа можноста за воспоставување украински производствени капацитети за одбрана во Данска.
Севкупно, претседателството на данска го обликува својот основен приоритет за проширување на ЕУ низ безбедносна призма. Данска го опишува проширувањето како „геополитичка неопходност“ и „единствениот начин ЕУ ефикасно да придонесе за стабилизирање на европскиот континент“. Но, нејзиното претседателство со Советот се соочува со вродениот предизвик да го усогласи овој геополитички императив со пристапот на ЕУ кон проширувањето базиран на заслуги и сопствената подготвеност на ЕУ за проширување. Справувањето со оваа тензија ќе биде критична задача – а данското претседателство постави амбициозни цели.
Познавање на границата
Постои ограничување за сè. Европа е зафатена од повеќекратни кризи кои не можат да се решат со еден единствен политички инструмент и, во однос на институционалната реформа на ЕУ, политиката на Данска останува фиксирана.
Во однос на проширувањето, данската влада прифати ограничено проширување на гласањето со квалификувано мнозинство (познато како клаузула „Пасерел““, но сепак треба да разгледа други мерки за да ја направи ЕУ „подготвена за проширување“. Данска ќе дејствува како „чесен посредник“ доколку Европската комисија ги објави своите ветени прегледи на политиките пред проширувањето во следните шест месеци – но исто така ќе биде активна во започнувањето на дебатата за следниот мултилатерален финансиско-реформски план.
На крајот на краиштата, набљудувачите сметаат дека буџетските реформи на ЕУ се неопходни за проширувањето.
Сепак, претседателството на Советот на ЕУ треба да ја има предвид и данската јавност. Иако неодамнешната анкета покажува силна данска поддршка за пристапувањето на Украина во ЕУ (дури и ако не ги исполнува целосно Копенхашките критериуми), мнозинството Данци не се подготвени да ги зголемат фискалните придонеси на Данска во ЕУ за полесно да овозможат такво пристапување на Украина и други земји во иднина.
Сепак, претседателството на Данска со Советот на ЕУ треба да помогне во консолидирањето на целокупното вртење на земјата кон „срцето“ на Европа. Данска ќе го искористи својот мандат за да ја одржи Европа заедно и да се залага за важни прашања поврзани со безбедноста. Втора цел е да се залага за конкурентност со зелен пресврт. На крајот на краиштата, новите инвестиции во одбраната и помагањето во безбедноста на Украина не можат да се спроведат без да се зајакне и способноста на ЕУ за раст.