ЦУК: Активни се 7 пожари, во изминатите 24 часа имало вкупно 32

Центарот за управување со кризи утрово извести дека во изминатите 24 часа и во земјата има(ло) вкупно 32 пожари.

Од нив:
• Активни: 7
• Локализиран: 1
• Под контрола: 1
• Изгаснати: 23

АКТИВНИ ПОЖАРИ (7):

  1. Општина Прилеп – с. Бешиште (приземен пожар во мешана шума)
  2. Општина Македонски Брод – помеѓу с. Црешнево и с. Слатин (деградирана дабова шума и грмушки)
  3. Општина Чашка – под Солунска глава, меѓу Изворите на Бабуна и Бабина дупка (само чад, карпест терен)
  4. Општина Чучер Сандево – помеѓу с. Блаце и с. Чучер (мешана шума и ниска вегетација)
  5. Општина Шуто Оризари – Њу Стар Хотел (депонија)
  6. Општина Дојран – с. Николич (нискостеблеста шума), и
  7. Општина Крива Паланка – с. Жидилово (борова шума)

ЛОКАЛИЗИРАН ПОЖАР (1):

  1. Општина Делчево – градска депонија

ПОЖАР ПОД КОНТРОЛА (1):

  1. Општина Македонски Брод – с. Самаково (лесно запалив материјал)

ИЗГАСНАТИ СЕ 23 ПОЖАРИ (23):

  1. Сарај – с. Глумово (пилевина)
  2. Петровец – с. Ржаничино (стрниште)
  3. Аеродром – с. Долно Лисиче (фолии и стрниште)
  4. Ѓорче Петров 1 – с. Злокоќани (ниска вегетација)
  5. Ѓорче Петров 2 – ул. Стево Црвенковски бб (ниска вегетација)
  6. Чучер Сандево – м.в. Голиево (ниска вегетација)
  7. Центар – ул. Лазар Личеноски (ниска вегетација)
  8. Велес – с. Горно Оризари (ниска вегетација)
  9. Куманово – с. Белаковце (шума, ниска вегетација)
  10. Старо Нагоричане 1 – с. Ругинце (ниска вегетација и мешана шума)
  11. Старо Нагоричане 2 – с. Ругинце (нискостеблеста шума)
  12. Кратово – с. Железница (лозје)
  13. Штип – с. Балвани (ниска вегетација)
  14. Долнени – с. Сарандиво (ниска вегетација)
  15. Боговиње – с. Седларце (депонија)
  16. Брвеница – с. Теново (ниска вегетација)
  17. Желино – с. Чефлик (ниска вегетација)
  18. Врапчиште – с. Неготино (стрниште)
  19. Битола 1 – с. Магленце (депонија)
  20. Битола 2 – близина на болницата Плодност (ниска вегетација)
  21. Свети Николе – правец Штип – Велес (ниска вегетација)
  22. Прилеп 1 – м.в. Жабино маало (ниска вегетација)
  23. Прилеп 2 – кај фирмата Гаро-Градба

Зачлени се на нашиот е-билтен