Дел од фасадата на десеткатница денеска се урна во скопската населба Козле, на улицата „Јуриј Гагарин“, во општина Карпош.
Инцидентот се случил во текот на денот, а за среќа во моментот под зградата немало минувачи, па нема повредени лица. Жителите на околните згради ја пријавиле случката, по што на терен веднаш излегле инспектори од надлежните служби.
Според првичните информации, паднатиот дел од фасадата предизвикал материјална штета, но причините за оштетувањето сè уште се испитуваат. Инспекциските служби вршат увид и ќе треба да утврдат дали постојат ризици од дополнителни оштетувања на објектот.