Центарот за управување со кризи (ЦУК) денеска попладне, преку СМС-порака, ги информираше граѓаните дека Владата прогласила кризна состојба на целата територија на државата. Известувањето пристигна цели два дена по официјалното донесување на одлуката од страна на Владата.
СМС-пораката е испратена на македонски јазик, но со употреба на латинично писмо, што кај дел од граѓаните предизвика дополнителна збунетост.
Останува нејасно зошто постои вакво доцнење во комуникацијата на мерките за справување со кризата, особено во услови кога навременото информирање е од клучна важност.