Филипче: Владата испраќа порака дека ако сте со нас сте безбедни, ако не сте со нас, тогаш сте непријатели

Осврнувајќи се на актуелната состојба во државата претседателот на СДСМ, Венко Филипче во „Само интервју“ посочи дека безбедноста на граѓаните е на многу ниско ниво.

„Министерот за внатрешни работи велеше „Брат да ми е ќе одговара“ но гледајте што се случува со безбедноста. Се гине на улиците како во Бејрут, колку само имаме сообраќајки, убиства, колку нерасчистени случаи“ порача тој.

Филипче ги коментираше и случувањата во Град Скопје и спорните градби во Општина Чаир.

„Гледајте какви криминали открива градоначалничката на Скопје, па физички ѝ се закануваат, кај го има тоа? Див запад ли сме? Пораката што ја пушта Владата е или сте со нас и сте безбедни или не сте со нас и сте непријатели. Тоа е пораката што се испраќа инаку како може некој пред полиција физички да се пресметува со институција градоначалник на Скопје без разлика какво мислење имам јас за работата на градоначалничката. ВМРО-ДПМНЕ напаѓаше за односот СДСМ – ДУИ, но каква е сега релацијата на ВМРО-ДПМНЕ со ВЛЕН? 150 дивоградби се легализирани од малолетни деца и никој не реагира. Лоша е пораката или со нас или си наш непријател“ заклучи Филипче.

Зачлени се на нашиот е-билтен