СДСМ: Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ не остварија ниту едно ветување пред граѓаните, проектите останаа на хартија

Социјалдемократите денеска со обвинувања кон градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ дека во своите општини имаат изневерени граѓанит бидејќи немаат проект со кој може да се пофалат. Од таму додаваат дека за четири години имаат нула резултати и дека не е реализирано ниту едно ветување пред граѓаните.

„Општина Гази Баба денес е жртва на неспособна и незаинтересирана локална власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Граѓаните добија градоначалник кој ветуваше сè – од детски градинки, гасификација до паркови и спортски сали – а не реализираше речиси ништо“, рече Билјана Муиќ, од ОО СДСМ Гази Баба.

Муиќ потенцираше дека мандатот на градоначалникот Стефковски е исполнет со многу ветувања и буџетирани средства, но реализацијата е делумна.

„Се фали со „530 реализирани проекти во висина од 5,6 милијарди денари“. Реалноста на терен го демантира – недоизградени објекти, запоставени населби, разочарани граѓани. Општинината наместо развој – доживува застој. Ветените проекти се само на хартија. Додека градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ тераат бизнис за лично богатење, општините се запустени, граѓаните оставени сами на себе. Нема ни метар гасовод од тој што Стефковски го ветуваше. Ветени беа 500 милиони денари, за развој на дистрибутивна гасификациона мрежа – нема отчет за започната изградба на мрежа“, рече Муиќ за градоначалникот Стефковски.

Муиќ потсети дека ветената изградба на две нови градинки во Ќерамидница и Сингелиќ останале само на документ, бидејќи нов објект, нема, додека пстоечките градиники се преоптоварени.

„Во фаза на документација или допрва започнати, без јасен статус и законски рокови се и проектите за фекална канализација, топлификација, паркови, спортски комплекси и друго. Ова е резултатот на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ– скапа и лажна пропаганда, распродажба на ресурси, неисполнети ветувања и расипничко трошење на народните пари. Четири години ВМРО-ДПМНЕ ја води Гази Баба како партиска филијала, а не како општина на сите граѓани. Единственото достигнување на градоначалникот Стефковски е што за 4 години ја задолжил општината со 5 милиони евра – за која намена? Нема отчет“, рече Муиќ.

Таа информираше дека за време на СДСМ општини е оставена со завршени над 30 конкретни проекти: паркови, улици, тротоари, амбуланти, градинки, сè согласно програмата, без дополнителни задолжувања. Ветувањата пред граѓаните ги исполнивме, затоа што ние поаѓање од инетересниот на жителите на општината.

„Граѓаните ги препознаваат и гледаат лошите политики на ВМРО ДПМНЕ. Доста е со лажни ветувања, доста е веќе со презентации и нула реализација! Граѓаните заслужуваат функционална општина- Гази Баба заслужува домаќински однос, а не партиски експерименти!“, рече Муиќ.

Зачлени се на нашиот е-билтен