„Очекуваме и чекаме уште малку да видиме дали може да донесеме закони и да не попречиме во работата на другите институции. Ќе гледаме да ги искористиме максимално овие денови. И во утврден датум каде што е во рамките на законските термини ќе ги распишеме изборите но тоа ќе биде во прва половина од август“, истакна Африм Гаши кој имаше средба Биљал Касами, градоначалникот на Тетово и претседател на Движење Беса.

Касами на новинарско барање ги коментираше одлуките на раководството на ДУИ како кандидати за градоначалници да ги номинира во Тетово, Бајрам Реџепи и во Чаир, Бујар Османи. Јас гарантирам дека кадидатите на „Вреди“ кој да биде и за Тетово и за Чаир ќе бидат далеку подобри ќе бидат кандидати на граѓаните и за граѓани, оцени Касами.
„Ако кажам од позицијата која ја има во партијата, тој е втор човек после Ахмети но реално не е тоа што очекуваа граѓаните од Тетово од ДУИ и од нивната коалиција. Оценуваме дека ДУИ има многу други подобри кандидати, но сепак е нивна одлука. Ако ми се даде мене можноста за Тетово, сигурно дека ќе имаме што да понудиме. За нас е важно да продолжиме да бидеме 24 часа во служба на граѓаните, а граѓаните се тие кои ќе одлучат дали ќе прифатат една или друга опција. Во Чаир исто така ценам дека Бујар Османи не е соодветен кандидат, ДУИ исто и таму има подобри можности, но тоа е нивна одлука“, посочи Биљал Касами.
Африм Гаши во Тетово покрај средба со Касами има предвидено разговори со раковидители на повеќе установи, а ја посети и канцеларијата на пратениците за контакт со граѓаните.