Потрага со чамци по 16-годишно девојче во Вардар, извлечена 26-годишна жена

Денеска, во 16:42 часот, на бројот за итни повици беше примена пријава за две потонати женски лица, на возраст од 16 и 26 години, во реката Вардар, во близина на селото Уланци, Општина Градско. Пријавата ја поднесе сестрата на 16-годишното девојче, која во видно вознемирена состојба побара итна помош, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Набргу потоа, доктор од Итната медицинска помош од Велес ја потврди информацијата и побара итно ангажирање на тимови за потрага и спасување на вода.

По приемот на пријавата, Центарот за управување со кризи веднаш ги извести надлежните институции – Секторот за итни случаи при Министерството за внатрешни работи, Оперативниот центар на Генералштабот и Дирекцијата за заштита и спасување – со барање за итна интервенција.

Според последните информации од терен, полицијата интензивно трага по 16-годишното девојче со помош на чамци, додека 26-годишната жена е пронајдена жива.

Потрагата продолжува, а надлежните апелираат до граѓаните за внимателност и соработка.

Зачлени се на нашиот е-билтен