Жена од Гостивар е под истрага на Основното јавно обвинителство заради сомнение дека дозволила нејзините деца да бидат силувани додека таа снимала. Како што информираат од Обвинителството триесетгодишната мајка грубо ја запоставила својата должност за грижа за децата и дозволила две 22-годишни жени да извршат полови дејствија со нејзините деца, девојче родено 2015 година и момче родено 2022 година. За тоа време, мајката настанот го снимала со мобилен телефон, а видеото со детска порнографија преку апликација ја испратила на нејзиниот сопруг кој се наоѓал во Италија.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Гостивар достави предлог и за определување мерка притвор за трите осомничени.