СДСМ за Ралев: Стана очигледно дека мотивите за неговиот ангажман во политиката биле на ниво на личен пазар

Мишко Ралев и Орце Ѓорѓиевски / Фото: фејсбук страната на Ѓорѓиевски

„Дилови со Орце Ѓорѓиевски, кој е клсичен избор на партиската олигархија на ВМРО-ДПМНЕ ние нема зошто да толкуваме. Може само да констатираме дека за жал станува очигледно дека мотивите на Мишко Ралев за неговиот ангажман во политиката биле на ниво на личен пазар“.

Ова е одговорот што го доби Рацин.мк на прашањето што до СДСМ го упати редакцијата откако кандидатот за градоначалник на Скопје Орце Ѓоргиевски објави на социјалните мрежи дека архитектот и професор Мишко Ралев, кој беше опција да биде кандидиран за градоначалник на Скопје од редовите на СДСМ, станува дел од тимот на Ѓорѓиевски.

Во објавата кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за Скопје, Орце Ѓоргиевски напиша дека Ралев со своето богато искуство, визија и интегритет претставува силна поддршка и дополнителна мотивација за неговиот тим, кој, како што посочи, работи на визијата за „поубаво и современо Скопје“.

Инаку Ралев, кој е поранешен претседател на Асоцијацијата на архитекти на Македонија (ААМ), се спомнуваше во јавноста како можен кандидат на СДСМ за првата позиција во Град Скопје пред да биде објавена одлуката дека СДСМ на локалните избори ќе се натпреварува со поранешната поранешна министерка за животна средина и просторно планирање Каја Шукова.

Професорот Мишко Ралев беше истакнат критичар на проектот „Скопје 2014“, кој го градеше владата на ВМРО-ДПМНЕ додека премиер беше Никола Груевски.

Зачлени се на нашиот е-билтен