Аналитиката на посети и на прегледи на видео и другите содржини на порталот Рацин.мк, потврдуваат дека публиката го прифати како онлајн медиум кој нуди автентично новинарство за просветлено расудување на времето што го живееме.
Во првите 6 месеци од 2025, бројот на прегледи на видеата достигна 3,2 милиони, за 10 пати повеќе во однос последните 6 месеци во 2024 година.
Ова е резултат во вербата и прифаќањето на новите технологии и најдобрите практики и алатки за да испорача новинарство и медиумски содржини во духот на времето.
Од 1 јануари до 30 јуни оваа година прегледите на видеата на Инстаграм профилот на Рацин.мк пораснаа за 8 пати. Од јули до декември минатата година имавме 120.632 прегледи, а во првите шест месеци оваа година 971.167.
Фејсбук платформата е најкористена од страна на нашата публика, па така и прегледот на видеата што ги пласираме преку Фејсбук страницата на Рацин.мк е за 12 пати повеќе во првите шест месеци оваа година, во однос на втората половина на минатата година.
Од 1 јануари до 30 јуни оваа година нашите видеа на Фејсбук биле прегледани 2.091.729 пати, додека во последните шест месеци на претходната година ги виделе 157.780 корисници платформата.
Со истата динамика расте и бројот на прегледи на Ју Тјуб, платформа на која се посветивме со поголема енергија во последните месеци на минатата и од почетокот на 2025 година.
На Ју Тјуб, лани, во периодот од јули до декември 2024 година се регистрирани 72.048, а во првите шест месеци во 2025 имаме 146.679 прегледи.
Тик-ток е платформата на која се „качивме“ оваа година и сега засега нема податоци за споредба, но првите резултати се ветувачки и таму.
Рацин.мк и понатаму ќе настојува да ја оправда довербата на публиката. Ви благодариме на сите што го прифативте порталот како ваше место за важни медиумски содржини испорачани на најдобар можен начи.
Гледајте ги видеата и читајте ги содржините на Рацин.мк на:
https://www.facebook.com/Racin.mk
https://www.instagram.com/racin.mk
https://www.youtube.com/@Racin_mk