Кој е Хиса Авдулаи, директорот на психијатриската болница во Бардовци, кој дозволувал пијанчење на пациенти, а сега му се случи убиство?

По трагичниот инцидент во кој пациент беше смртоносно претепан од друг пациент во Психијатриската болница „Скопје“, јавноста повторно го сврте вниманието кон директорот на установата, Хиса Авдулаи, чие име и порано се поврзуваше со сомнежи за негрижа и несоодветно управување со болницата во Бардовци.

Според извори кои долго време алармираат за состојбите во установата, Авдулаи дозволувал пациенти да консумираат алкохол, додека медицинскиот персонал честопати молчел или бил немоќен да реагира. Во таа клима на недисциплина и нефункционална контрола, се случи и најновото убиство, кое повторно ја отвори дебатата за одговорноста на раководството на оваа установа.

Инцидентот се случил околу 00:50 часот на 5 август, во Одделот за лекување на осудени лица. До физичка пресметка дошло помеѓу двајца пациенти, при што 62-годишен маж бил тешко повреден со стаклено шише, по што подоцна починал на Клиниката за ТОАРИЛУЦ.

„Во име на установата и лично, изразувам најдлабоко жалење за настанот и упатувам искрено сочувство до блиските на починатиот пациент“, изјави Авдулаи за МИА, потенцирајќи дека болницата целовремено соработува со истражните органи. Настанот веднаш бил пријавен до Министерството за внатрешни работи, а увид на местото извршиле и дежурен јавен обвинител и други надлежни служби.

Зачлени се на нашиот е-билтен