Димитриеска Кочоска ги помеша лонците, на работно место во работно време прими кандидат за градоначалник, се претвора ли Министерството за финансии во ново ВМРО-МВРО

СДСМ денеска остро реагираше на одлуката на Министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, во работно време, во кабинетот на Минсигтерството да прими и промовира кандидат за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ денеска остро реагираше на одлуката на Министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, во работно време, во кабинетот на Минсигтерството да прими и промовира кандидат за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ.

Според нив таа денес јавно демонстрираше што значи класична партиска злоупотреба на државна функција.

„Во работно време, во кабинетот на Министерството, примила и промовирала кандидат за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ, како да се наоѓа во партиски штаб, а не во државна институција. За ова уште се пофалила на Фејсбук како да е дел од нејзините работни обврски. Наместо да се справува со инфлацијата, дефицитот и економскиот хаос кој го создава нејзината Влада, Димитриеска-Кочоска води кампања за ВМРО-ДПМНЕ, од државна функција, со државна плата и во државни простории. Мешањето на партијата и институциите беше и останува заштитен знак на Владата на Мицкоски. Министерството за финансии, кое треба да биде симбол на одговорност и неутралност, станува алатка за партиски цели и кампањи“, реагираат од СДСМ.

СДСМ ја повика Кочоска да кажае дали секој кандидат ќе биде примен кај министерката, или оваа гостопримливост важи само за членовите на ВМРО-ДПМНЕ? Зошто граѓаните да ја плаќаат неа и вработените за да тера партиски агенди?

„Кочоска е меѓу најслабите министри, нема капацитет да го води ниту својот ресор, а наоѓа време да се занимава со партиски промоции и фотосесии во кабинетот. Оваа злоупотреба мора да запре. Граѓаните заслужуваат министри кои работат за нив, а не за партијата. СДСМ остро ја осудува оваа постапка, очекува реакција од надлежните институции и уште еднаш предупредува: ВМРО-ДПМНЕ ја партизира секоја институција до која ќе дојде, по секоја цена и без срам“, велат од опозициската партија.

Зачлени се на нашиот е-билтен