Почина новинарката и уредничка на МРТВ, Јулијана Тануровска

Во 60-тата година од животот почина новинарката и уредничка на Сателитскиот канал на МТВ, Јулијана Тануровска. Таа ја загуби битката со подмолната болест.

Кариерата ја започна како дипломиран новинар во Македонско Радио, а потоа продолжи во Македонската Радио Телевизија (МРТВ). Тануровска ќе остане запаметена како новинарка посветена на теми од областа на образованието, а подоцна и на прашања поврзани со црквата, верата и религиите.

Погребот ќе се одржи утре, недела, на градските гробишта Бутел.

Социјалните мрежи се преполнија со пораки и спомени за Јулијана, која покрај професионалноста, остави траен впечаток и со својот пријателски и позитивен однос кон колегите. Секогаш била подготвена да помогне и со насмевка да се справи со секој проблем. Таа ќе биде паметена како дружељубива и позитивна личност.

Зачлени се на нашиот е-билтен