Маја Лозановска за стресната ноќ кога полицијата на носилки сакала да ја однесе на информативен разговор

Домот на Маја Лозановска по претресот на полицијата во нејзиниот дом во Демир Хисар
Домот на Маја Лозановска по претресот на полицијата во нејзиниот дом во Демир Хисар

Порталот ММС контактираше и со директорката Маја Лозановска, која објасни за што, како што вели, се случувал „циркусот“ во петокот вечерта кога полицијата барала од лекарите на брзата помош ако треба и на носилку да ја однесат на работното место на претрес и во полициската станица во Демир Хисар.

-Имам проблеми со грбот и сум на боледување. А циркусот што се случуваше вчера во мојот дом иако и јас сум на боледување и чувам болна мајка е да ги дадам печатите, бидејќи клучот е кај мене, а на нив им се брза, денес ќе ги распишат изборите. Како што може да се види бараа на носилки да ме носат во станица и да кажам каде се печатите. А што ќе прават со нив толку доцна? Од пред нашата куќа циркусот продолжил во училиштето. В.Д. директорката заедно со полицијата тргнале ноќеска во потрага по печатите. Ја обиле и мојата канцеларија, им рече Лозановска на новинарите на ММС , додавајќи дека тоа не е прв циркус.

– За овие години навикната сум на вакви работи, не е прв пат, туку трет обид на градоначалникот да ме разрешува незаконски. Уште во 2022 ме разреши незаконски, но потоа и двата пати јас го добив предметот на второстепена, па сакаше- не сакаше мораше да ме врати. Токму поради тоа и му беа одземени ингеренциите , па за директор ме назначи министерот за образование. Постојано сум под силни притисоци,сите инспекции што постојат ми ги пратија. Ама се е џабе, не можат да најдат бидејќи работам чесно, рече Лозановска за ММС.

Таа рече и дека сета оваа незакнска хајка за неа, како што е со влошено здравје, е многу голем стрес.

-И тоа како е стрес за мене. Полицијата повика Брза помош, на јас. Со оглед на тоа што ми беше висок протисокот, значи дека сум под стрес. Јас имам боледување од неврохирург, не од матична. Сакаа да ме притиснат во станица. Јас лежам, мајка ми неподвижна до мене лежи, која има и деменција, и тој се расправа со мене во соба. Нула човечштина во нив. Јас не сум криминалец, туку директор, кој има овластување да ги чува печатите, бидејќи немам секретар. Тој е во пензија и градоначалникот не ми дозволува да вработам но, и имам обврска да ги носам печатите. И така секоја година има се помалку и помалку деца, а и приофесори, па нема кој да предава. Тоа е поголем проблем. А за што да се тепаме? Немам незаконско работење, а па да имав малверзации до сега знаеш ли што ќе се случеше, рече таа за ММС.

Лозановска најави дека за ова е тужи.

-Ќе поднесеме кривична за секое нелегално дело, за стрес ама за се. За законските постапки нема да простам па нека се покажат институциите, ако ги имаме. Членувањето во партија, во било која партија не треба да биде проблем ако си професионаец. Ама таквите кадри на градоначалникот му пречат, не сака професионалци, вели Лозановска за крај.

Зачлени се на нашиот е-билтен