Во поткастот на ТВ Сител, кандидатот за градоначалник на Скопје Орце Ѓоргиевски вели дека најголемата шанса во политиката му ја дале Мицкоски и Бог.
Тој е уверен дека ќе победи уште во првите избори на претстојните локални избори.
„За многу скоро време, откако ќе ја преземам позицијата градоначалник на градот Скопје, ќе ги ставиме тие две работи во ред, односно тоа е и најголемиот проблем којшто го имаат и се соочуваат сите наши граѓани во изминатов период. Впрочем, најголем дел, најголем процент од граѓаните го истакнуваат ова како сериозен проблем, и нешто со коешто ќе треба од старт да се занимаваме. Затоа велам, од старт, веќе во првиот ден од моето влегување во градот Скопје, една голема генералка, чистење сериозно на градот“, рече актуелниот градоначалник на Кисела Вода и кандидат за градоначалник на Скопје Орце Ѓоргиевски.