Енцо Ферари: Возач со бурен живот, миленик на таблоидите и творец на најдоброто возило во историјата

Енцо Ферари е едно од највлијателните имиња во историјата на автомобилската индустрија, легендарен тркач, визионер и основач на империјата „Ферари“.

Роден е на 18 февруари 1898 година во италијанскиот град Модена. Од детството бил фасциниран од брзината, моторите и возбудата што ги носи трката. На само 19 години бил регрутиран во Првата светска војна, каде служел како автомеханичар и, нетипично, чувар на магариња.

По враќањето во Торино, накратко работел во Фиат, но брзо бил отпуштен, по што се заколнал дека компанијата ќе зажали за таа одлука.

Започнал да се движи меѓу луѓе поврзани со авто и мото трките и наскоро станал дел од Алфа Ромео, каде прво работел, а потоа и тркал за нив. Победувал на рели трки, но неговата амбиција била поголема, сакал да стане нивен официјален дилер.

Во тој период ја запознал Лаура Доменика Гарело, припадничка на богато торинско семејство. Иако кружеле гласини дека работела како проститутка, Енцо рекол:

„Не ми е важно што прави, сè додека стои до мене и ми помага да успеам.“

Се венчале во 1923 година. Но нивниот брак од самиот почеток бил тежок, особено поради нетрпеливоста меѓу Лаура и мајката на Енцо, Адалџиза Бисбини, која подоцна живеела со нив.

Целосно посветен на работата, Ферари го дизајнирал својот прв тркачки автомобил – Алфа П1, кој подоцна го усовршил во П2, откако при несреќа загинал негов близок пријател.

П2 станал најбрзиот автомобил на своето време. Фиат му понудил враќање, но Енцо ги одбил – гордо одбивајќи ги како поранешен работодавец.

По една трка, добил посебна награда: амблемот со коњот што се пропнува – симбол од авион на италијанскиот херој од Првата светска војна, Франческо Барака.
Тој симбол подоцна станал синоним за Ферари.

Во 1937 година, Енцо ја напуштил Алфа Ромео и ја основал Auto Avio Costruzioni, компанија што произведувала делови за режимот на Мусолини за време на Втората светска војна. Таму го направил и својот прв автомобил – AAC 815.

Откако сојузничките сили ја бомбардирале неговата фабрика, тој ја преселил во Маранело, каде подоцна ќе биде и седиштето на модерната компанија Ферари, основана во 1947 година – симбол на нов почеток и оттргнување од фашистичкото минато.

Додека професионално напредувал, приватниот живот на Енцо бил далеку од мирен. Имал бурна афера со Лина Ларди, со која добил вонбрачен син – Пјеро. Имал две паралелни семејства, едно во Модена, друго во Маранело – и двете жени не знаеле една за друга со години.

Во меѓувреме, неговиот прв син од бракот со Лаура, Алфредо, починал млад – само на 24 години – што оставило траен белег врз Ферари. Лаура дознала за Лина и Пјеро, по што нивната врска се распаднала, иако формално никогаш не се развеле.

По повеќе од пет децении брак, Лаура починала во 1978 година.

И покрај личните трагедии и скандали, деловниот углед на Енцо останал недопрен. Сè до неговата смрт во 1988 година, Ферари беше вистинскиот шеф на својата компанија, секогаш со страст за трките.

Неговите автомобили доминираа во Формула 1 и на тркачките патеки низ светот, а црвената боја на „Ферари“ стана глобален симбол на брзина, прецизност и престиж.

Ферари почина во 90-та година, опкружен со семејството и пријателите – зад себе остави една од најмоќните автомобилски приказни во историјата.

Зачлени се на нашиот е-билтен