Од утре попладне нестабилно време со пороен дожд и грмежи

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, од утре попладне се очекува локална појава на нестабилно време со пороен дожд и грмежи. Слични услови ќе има и во понеделник, кога на повеќе места се очекува нестабилност, а локално процесите може да бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд, силен ветер и изолирана појава на град.

Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи, во вторник ќе се задржи условна нестабилност, додека од среда се очекува стабилизирање на времето и постепен пораст на дневните температури.

Во Скопје, понеделник ќе биде променливо облачно, со попладневни пороен дожд и грмежи, а во делови од котлината може да се појави невреме со силен ветер и град.

Од УХМР апелираат до граѓаните да бидат внимателни при електрични празнења, да избегнуваат отворени простори и осамени дрвја.

Зачлени се на нашиот е-билтен