Управата за финансиска полиција утрово спроведува координирана акција со претреси на повеќе локации во општините Липково, Куманово и Желино. Според првичните информации, предмет на истрагата е организирана група осомничена за злосторничко здружување, даночно затајување, даночна измама, перење пари и други дела поврзани со финансиски криминал.
Неофицијално, под лупа се фирми што се занимавале со набавка и продажба на нафтени деривати, а штетата се проценува на над 7 милиони евра. Акцијата, како што се посочува, е резултат на подолга истрага. Детали ќе бидат соопштени по завршување на оперативните активности во текот на денот.