Скопје домаќин на Дигиталниот самит на Западен Балкан 2025

Скопје ќе биде центар на регионалната дигитална трансформација на 1 и 2 октомври 2025 година, кога во Музејот на современа уметност ќе се одржи Дигиталниот самит на Западен Балкан 2025. Настанот, организиран од Министерството за дигитална трансформација, се смета за еден од најзначајните во областа на дигитализацијата во регионот.

Самитот ќе обедини претставници на влади, меѓународни организации, приватниот сектор, академијата и граѓанското општество од земјите на Западен Балкан и Европската Унија. Во текот на дводневната програма ќе се одржат министерски тркалезни маси, стратешки панели и сесии за вмрежување, со фокус на дигитални јавни услуги, интероперабилност, сајбер безбедност, дигитален паричник и развој на технологии базирани на вештачка интелигенција.

Организаторите најавуваат дека деталната агенда ќе биде објавена наскоро на официјалната веб-страница: digitalsummitwb6.com.

Дигиталниот самит на Западен Балкан има за цел да го поттикне регионалниот дијалог, соработката и унапредувањето на дигиталните решенија кои ќе придонесат за побрз економски развој и интеграција на регионот во европските дигитални текови.

Зачлени се на нашиот е-билтен