Општина Центар бара лични асистенти за ученици со попреченост, платата изнесува 15.000 денари

И оваа учебна година, Општина Центар ќе обезбеди лични асистенти за деца со посебни образовни потреби преку проектот „Образование за сите“.

На јавниот повик може да се пријават лица со завршено средно образование, а предност ќе имаат кандидати со диплома од области како педагогија, психологија, дефектологија, социјална работа или наставнички насоки, како и оние со претходно искуство во работа со ученици со попреченост.

Ангажманот е со половина работно време – 20 часа неделно, за што е предвиден месечен надоместок од 15.000 денари.

Градоначалникот Горан Герасимовски нагласи дека личните асистенти се од голема важност за интеграцијата на децата во училиштата:
„Асистентите им помагаат на учениците да се адаптираат во училишната средина, што е од корист за децата, родителите и наставниците. Горди сме што Општина Центар е единствената во Скопје која од сопствен буџет го реализира овој проект,“ изјави тој.

Повикот е отворен пет работни дена, а пријавувањето се врши во Архивата на Општината, барака број 6, секој работен ден од 9 до 15 часот.

Повеќе информации за повикот.

Зачлени се на нашиот е-билтен