Македонија пак гори – 33 пожари за едно деноноќие

Во изминатото деноноќие на територија на целата држава се регистрирани 33 пожари на отворен простор. Два се активни, два се ставени под контрола, а 29 се изгаснати.

Активните пожари се во село Никуштак (општина Липково) и на подрачјето на општина Студеничани, кај селата Варвара и Драчевица, каде што е зафатена мешана шума и ниска вегетација. Под контрола се пожарите во општина Берово – Дрџински рид, месност Стојковото, село Русиново (дабова и букова шума и папрат), како и во општина Гази БабаВардариште (ѓубриште).

Од скопскиот регион, изгаснати се огнови на територија на општина Ѓорче Петров – ул. „Шар Планина“ (ѓубриште), општина Гази Баба – село Раштак (ниска вегетација) и Камник (ниска вегетација), општина Сопиште – село ЈаболциГоврлевска Краста (ниска вегетација) и општина Сарај – село Рашче (ниска вегетација).

Надвор од Скопје, целосно се изгаснати пожари и во општините Битола, Долнени, Ресен, Крушево, Струмица, Струга, Кавадарци, Чешиново-Облешево, Делчево, Кочани, Липково, Куманово, Старо Нагоричане, Тетово и Гостивар.

Надлежните служби апелираат на претпазливост: да не се палат растителни остатоци, да се избегнува престој во близина на активни жаришта и секое забележано чадење веднаш да се пријави на бројот за итни повици. Брзата реакција на противпожарните екипи и координацијата со локалната самоуправа остануваат клучни за држење на огнената линија под контрола, особено при суво и ветровито време.

Зачлени се на нашиот е-билтен