Проверете го домот за радиоактивни честички: Проф. Димитрија Ангелковски создаде веб апликација за детекција на радијација

Поради загриженост од наглото зголемување на бројот на заболени од канцер, професорот Димитрија Ангелковски објави нова веб апликација преку која граѓаните можат да проверат дали во нивниот дом, работно место или околина постојат радиоактивни елементи.

Апликацијата е достапна на линкот и е веб ориентирана. За да ја користите, потребно е да поставите црн изолирбан врз камерата на вашиот уред и да дозволите пристап до камерата. На овој начин, светлината ќе биде блокирана, а апликацијата ќе го регистрира присуството на радиоактивни честички, прикажувајќи ги со црвена боја на екранот. Бројачот ќе покаже колку пиксели на камерата биле бомбардирани од радиоактивните честички.

„Решенија има, треба да се практикуваат“, порача професорот, истакнувајќи дека технологијата може да помогне во самопроверка и зголемување на свеста за ризиците од радијација.

Зачлени се на нашиот е-билтен