СДСМ денеска преку соопштение нагласи дека со Дрисла (која деновите со чад и миризба го труе половина Скопје) управува ВМРО-ДПМНЕ, заеднички со ДУИ.
„Даме Димитровски, актуелниот советник на Христијан Мицкоски за животна средина во Владата и поранешен претседател на Комисија за животна средина на ВМРО-ДПМНЕ, е претседател на Управен одбор на Дрисла, https://drisla.mk/organizacziona-struktura/
Претходно ВМРО-ДПМНЕ имаше и директор на Дрисла, Јане Мицевски, магистер за туризам и менаџмент. Со депонијата Вардариште пак со децении управуваат градоначалници на ВМРО – ДПМНЕ, како Коце Трајановски, Бобан Стефковски.
ВМРО-ДПМНЕ и нивните градоначалници пред четири години ветуваа ‘затворање на Вардариште, намалување на стакленички гасови, покривање и озеленување’. Тимчо Муцунски ветуваше ‘дислокација на претоварната депонија Вардариште’. Мицкоски и Арсовска ветуваа ‘зелена зона Вардариште’ со спортско-рекреативни терени. ВМРО-ДПМНЕ ветуваше ‘фабрика за селекција на отпад’ во ‘Дрисла’. Денеска ништо од ова не е исполнето“, велат од СДСМ.