Мицкоски: 20 лица осомничени за подметнување пожари, истрагата продолжува

Пожарите се организирани од центри на моќ од државата и надвор

Министерството за внатрешни работи идентификувало 20 лица за кои постои основано сомневање дека стојат зад пожарите што во последните денови избувнаа во Скопје, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Тој најави дека во наредните денови ќе се постапува и по дополнителни дојави во координација со Министерството за животна средина.

„Утрово се појави снимка од подметнување пожар во Пинтија, што е уште еден доказ дека постојат центри на моќ кои се обидуваат да внесат страв и паника кај граѓаните пред изборите,“ рече Мицкоски.

Зачлени се на нашиот е-билтен