Црвени таблици и јавен број за пријави: Граѓаните во „лов“ на злоупотреби на службени возила

Од денеска секој граѓанин може да пријави злоупотреба на службено возило за приватни или партиски цели. За таа намена Службата за општи и заеднички работи (СОЗР) отвори телефонска линија 070 399 050 и е-пошта prijavizloupotreba@sozr.gov.mk.

Директорот на СОЗР, Ивица Томовски, вели дека ова е „важен чекор за враќање на довербата кај јавноста“ и најави дека сите пријави ќе бидат проследени до надлежните органи за санкционирање.

За полесно препознавање, возилата добиваат унифицирани црвени регистарски таблици. Досега со нови ознаки се околу 500 возила, а до крајот на рокот – за две недели – се очекува бројката да достигне меѓу 1.500 и 2.000.

„Сме во завршна фаза. Општина Гази Баба беше меѓу првите што ја воведе промената, а постапката се спроведува и во повеќе скопски општини, како и во Штип, Велес и Кавадарци,“ изјави Томовски.

Со новиот систем, повеќе нема простор за шетање со државни коли без контрола – граѓаните имаат моќ да реагираат.

Зачлени се на нашиот е-билтен