Многу работа, посветеност и вистински луѓе на вистински места, тоа му е неопходно на Скопје, а Орце е вистинскиот избор, рече денеска премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
На партискиот промотивен настан за скопски градоначалник, најави нов пристап и многу повеќе теренска работа, како и силни, компактни тимови кои ќе соработуваат на централно и локално ниво.
„Тука сме за да работиме, а не да глумиме политика. Одговорноста пред граѓаните не е опција, туку обврска“, порача Мицкоски.