ВЛЕН: ДУИ се провидни и очајни од поразот што ги очекува на 19 октомври

ДУИ се провидни и очајни од поразот што ги очекува на 19 октомври. Со половина раководство на црни листи за висока корупција, тие излегуваат и држат прес-конференции за „вредностите“ на Европската унија, се наведува во соопштението од ВЛЕН.

Уште поиронично ДУИ, притиснати од резултатот што ги очекува на локалните избори, се здружија со анти-НАТО и анти-ЕУ партијата на Апасиев во Гостивар, Тетово и Струга. А сега зборуваат за ЕУ!

Ова е истата ДУИ што, и покрај отвореното противење од нашите стратешки партнери, го измени Кривичниот законик за да го простре црвениот тепих за враќањето на Никола Груевски и за да го ослободи од затвор Сашо Мијалков. Денес, оваа ДУИ одеднаш е „загрижена“ за европскиот пат, додека корупцијата отсекогаш ѝ била секојдневна практика.

Три блиц прашања за ДУИ:
Кога Али Ахмети имал последна средба со релевантен меѓународен фактор?

Дали добивте одговор на писмата што ги праќавте „низ светот“?

Зошто му дозволивте на градоначалникот на Липково да краде и да ги труе жителите со арсен?

За разлика од ДУИ, која ја користи ЕУ само како параван, а во позадина ја хранеше корупцијата, ВЛЕН преку Планот за раст и Реформската агенда ја приближува државата до европските стандарди со конкретни реформи и инвестиции.

Зачлени се на нашиот е-билтен