Почната е истражна постапка против жител на Неготино кој се сомничи за обид за изнуда и закани кон градоначалникот на општината.
Сомнежите се дека кривичните дела „изнуда“ и „загрозување на сигурноста“ се сторени во текот на септември.
На 2 септември, од анонимен фејсбук профил, осомничениот испратил порака со сериозни закани до градоначалникот и неговото семејство, обидувајќи се да го присили да му исплати 3.000 евра.
Во периодот од 4 до 18 септември, во неколку наврати, испраќал смртни закани на градоначалникот и на официјалната електронска пошта на општината, предизвикувајќи кај него и семејството чувство на несигурност и страв.
Поради опасност од бегство и можност за повторување на делото, јавниот обвинител побарал мерка притвор за осомничениот.