Контејнерите во Кисела Вода и Козле вечерва се преполни, а непријатната миризба ги тера жителите да затвораат прозорци и да дишат со тешкотии.
Фотографиите покажуваат ужасна глетка – смет истурен надвор од контејнерите, улици полни со отпад, револтирани граѓани кои велат дека „се угушија во ѓубре“.




И додека Стевчо Јакимовски од Карпош денски лично излезе со комуналците да расчистува, а Горан Герасимовски од Центар вечерва преку лајв видео најави мерки и презема акции – градаоначалникот на Кисела вода, Орце Ѓорѓиевски не понуди ништо. Ниту став, ниту решение.





Неговиот единствен јавен ангажман денес на Фејсбук бил да смени профилна фотографија и да напише дека „најдоброто допрва доаѓа“.
Додека Кисела Вода тоне во ѓубре, граѓаните се прашуваат – дали тоа „најдобро“ е уште повеќе молк и уште поголема планина од отпад?
Фотографиите од Кисела Вода се преземени од порталот Press 24