Во Скопје пред неколку дена пристигна 28 група волонтери на Мировниот корпус со рекордни 50 волонтери, највисока бројка досега со тоа што се потврдува фактот дека Македонија е меѓу посакуваните земји за останатиот дел од светот!
Како што сподели со нас Весна Илиевска, менаџер за комуникции во Мировен корпус Македонија, она што е специфично за оваа група е тоа што 80 проценти од групата се претежно млади и тоа до 29 години, а она што е навистина импресивно за споделувње од претходната група, што од 30 волонтери, десетмина решиле да го продолжат својот престој и покрај тоа што им завршила службата од две години.

На обуката која интензивно се одржува во Скопје, запознавме неколкумина од нив и сите ни оставија навистина прекрасен впечаток. Елизабет, Бен и Моли.

Елизабет е Американка која доаѓа од Бразил и Македонија ја одбира бидејќи како што вели таа има многу сличности со Бразил.
„Јас сум многу возбудена што сум тука! Ја одбрав Македонија намерно бидејќи има многу сличности со народот во Бразил, дури и јазикот, има многу деривати од латинскиот јазик, а зборувам и португалски и шпански. Но не сум тука за да предавам јазици, тука сум да работам на креативен развој. Но, исто така верувам дека и јас многу ќе научам од овдешните луѓе“ изјави за Рацин, Елизабет.

На прашњето што претставува за неа Мировниот Корпус, Елизабет одговара: „За мене Мировниот Корпус е место каде што можеш да наравиш еквивалентна размена, давам исто онолку колку што примам! За она што јас ќе го работам, ќе научам многу за себе, преку запознавање на друга култура, други луѓе, начин на комуникација и можноста да учам друг јазик две години е навистина реткост.“
Понатаму таа објаснува: „За Македонија претходно не знаев многу, меѓутоа имав еден менаџер од Албанија на работното место и тој често патуваше во Македонија, па ни носеше различни сувенири, преубави слатки, ама нешто што одвај чекам да пробам овде е доматот. Се изнаслушав многу и одвај чекам да пробам. Не сакав премногу да истражувам, сакав да се изненадам и да вистина сум пријатно изненадена од Македонија.“
Ние пак не пропуштивме да споделиме со неа дека мора да го проба скопскиот јабучар и воедно ја научивме како да изговора СКОПСКИ ЈАБУЧАР!
Околу храната таа кажа дека има премногу сличности со храната во Бразил, дека и во Бразил не се готви многу зачинета храна, се внимава на тоа храната да си ги задржи своите изворни мириси и вкусови.

Следниот е Бен, младо позитивно момче кое одвај чека да се вклопи во заедницата и да игра фудбал тука. Тој доаѓа од Мериленд а студирал во северна Каролина на еден прилично мал универзитет кој броел околу 2000 студенти и таму прилично се зближил со менторот, професор со потекло од Македонија, поточно од Тетово. „Тој многу ми раскажуваше за неговата земја и додека растел таму што научил од тие искуства и навистина ме инспирираше да појдам на ова патување, и претставува логичен чекор за некој што е заинтересиран за светот и политиките во источна Европа.
„Тој многу ми раскажуваше за историјата на Македонија, растењето тука, потоа некои културни феномени, ќебапи и ајвар, Охрид и уште многу други работи. Вчера имав можност да се прошетам низ центарот и ме обзема комплетно. Среќен сум што сум тука! Одвај чекам да почнам да предавам англиски јазик, отсекогаш сакав да предавам, работев по кампуси, засолништа и тоа е навистина многу благодарна работа, да гледаш како луѓето учат е навистина големо задоволство, да работам со деца, да ги разберам нивните барања, голем обожавател сум на фудбал и одвај чекам и тука да играм.“

Моли, последната волонтерка со која разговаравме малку подолго бидејќи навистина имаше убава приакзна е навистина храбра и уникатна. На нејзиното тело има преку 20 тетоважи, а една од нив е и македонската кирилица која ја истетовирала претходниот пат кога била овде, за време на ковидот. Меѓутоа, по само 6 месеци морала да се врати поради забраната за ковидот, а сега повторно ја одбрала Македонија како неисполнета желба докрај!
Кога се запознававме, таа прозбори со нас неколку зборови на македонски кои што ги запаметила од претходниот пат. Моли овде ќе работи на полето на инклузивно образование. Доаѓа од Тексас, конкретно од местото кое беше погодено од поголема поплава кога се излеа реката и поплави многу домови и однесе многу жртви.
Првиот пат била во Кичево, 6 месеци, каде работела со деца со посебни потреби и ги учела двата јазика паралелно, и македонскиот и албанскиот, меѓутоа македонскиот полесно и одел, раскажува таа.

„Јас сум Моли, доаѓам од Тексас, ова е втор пат како доаѓам во Македонија, првиот пат дојдов пред ковидот и многу ми се допадна, затоа одбрав повторно да дојдам тука, да го завршам тоа што го почнав, и да дојдам едностабно да ги видам пријателите и семејствата овде, а си заминав дури и без поздрав затоа што ситуацијата беше таква. Тетоважите се многу значајни за мене и првиот пат кога дојдов во Македонија, веднаш најдов тату мајтор да ми направи тетоважа од вашата преубава азбука и симболот на Македонија, црвената булка.“
На нејзините раце има и пчела, која асоцира на дел од нејзиното име, бев и на Карибите три години, затоа имам истетовирано игуана, потоа имам Орегон, дрво карактеристично за Тексас. Омилена тетоважа и е македонската кирилица.

Моли имаше навистина многу да раскаже: „Додека бев помлада немав слушнато за Мировен корпус, меѓутоа како наставник кога на 50 години се затвори училиштето во кое работев, си реков тогаш ќе пробам да аплицирам за волонтер и беше долг процес, ама се исплатеше. Пред да дојдам тука, никогаш претходно немав патувано надвор од САД, така што доаѓањето во Македонија ми е прво патување надвор од мојата родена земја. И веднаш ја засакав, затоа се вратив повторно. Инаку првиот пат ја одбрав бидејќи јас сум наставник за деца со посебни потреби, и единствено за Македонија имаше таков оглас, плус е близу до албанскиот брег, Грција, Турција а и тие земји навистина сакам да ги посетам. Бидејќи сум уметник исто така, се надевам дека ќе имам можност и за таков тип предавања со децата со кои ќе работам и со целата заедница, можеби на некој заеднички мурал или слично.“
Омилено македонско јадење и е ајвар и шопската салата и се надева дека ќе го види процесот на подготовка на ајварот.