Наводна порака од убиената Росица К. до министерот Тошковски

На социјалните мрежи се појави наводна порака што, според објавеното, убиената Росица К. од Велес ја испратила пред околу пет месеци до министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.

Во пораката, чија автентичност засега не е потврдена, таа опишува дека била жртва на физичко и психичко насилство, како и дека нејзиното возило било запалено неколку дена пред да го испрати апелот. На крајот пораката завршува со зборовите: „Очајно ве молам за помош“.

Во содржината што кружи на интернет се наведуваат и броеви на предмети во Основното јавно обвинителство – Скопје и во Основниот суд – Велес, што се совпаѓа со дел од претходно објавените информации за случајот.

„Либертас“ побара став од кабинетот на министерот Тошковски – потврда или демант дека таква порака навистина била испратена на неговиот телефон. Засега, одговорот од МВР не е објавен.

Зачлени се на нашиот е-билтен