Јавен повик за изработка на План за управување на Паркот на природата „Езерани“

Македонско еколошко друштво (МЕД) објави јавен повик за изработка на План за управување и годишна програма за Паркот на природата „Езерани“. Повикот се спроведува во рамките на проектот „Преспа – зелена и сина иницијатива: Зајакнување на заштитата преку истражување, едукација и комуникација“, проект за надворешни активности на Европската Унија, во соработка со Општина Ресен и Националниот парк Галичица.

Заинтересираните субјекти треба да ја достават целокупната документација по пошта или лично на една од следниве адреси:

  • Скопје: улица „Тодор Скаловски“ број 9А, 1000 Скопје
  • Ресен: улица „Гоце Делчев“ број 7, 7310 Ресен

Рокот за доставување е 10 октомври 2025 година до 15:00 часот, со назнака „За јавен повик бр. 02/2025“ и текст „да не се отвора пред датумот за евалуација на понудите“.

Документацијата за јавниот повик, вклучувајќи ги и критериумите за евалуација, е достапна на страницата на МЕД. Поставувањето прашања е возможно исклучиво во пишана форма на e-mail: eftimovski@mes.org.mk најдоцна до 3 октомври 2025 година.

Повикот е отворен за сите заинтересирани субјекти кои сакаат да придонесат кон заштитата и одржливото управување со Паркот на природата „Езерани“.

Зачлени се на нашиот е-билтен