Две момчиња од Трубарево викендов завршија во полиција откако биле затекнати како палат кабли во парк на булеварот „Февруарски поход“ во Аеродром.
Според информациите од МВР, уапсени се Т.М. (23) и И.М. (26). Пријавата ја поднел вработен во Општина Аеродром, кој сведочел на местото каде што тие предизвикувале оган и чад.
Полицијата веднаш реагирала, ги лишила од слобода и ги задржала во станица. По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена кривична пријава за „предизвикување општа опасност“.