Над 70% од пациентките со рак на дојка се принудени на приватни прегледи поради долгите листи на чекање

Раната превенција и навременото откривање на ракот на дојка остануваат најголем предизвик за здравствениот систем во Македонија. Според податоците на здружението „Хема Онко“, повеќе од 70% од пациентките со ова малигно заболување се обраќаат во приватни здравствени установи, бидејќи во државните болници термините се чекаат предолго.

Во рамки на настан посветен на Октомври – месецот на свесност за ракот на дојка, здружението истакна дека жените честопати мораат сами да ги покриваат трошоците за дијагностика, што претставува дополнителен товар за семејствата. Настанот беше одбележан и со симболична поддршка од граѓани, кои ги охрабрија пациентите во нивната борба.

Од „Хема Онко“ посочуваат дека добиле ветување од Министерството за здравство дека ќе се воспостави национален регистар на онколошки пациенти – важен чекор за подобра организација на третманот и следење на состојбата.

Октомври е глобално препознаен како месец за подигање на свеста за ракот на дојка, со цел да се поттикне рана дијагноза, пристап до квалитетен третман и палијативна грижа за сите заболени.

Зачлени се на нашиот е-билтен