На граѓанскиот собир во Дебрца, Генералниот секретар на СДСМ побара силна поддршка од граѓаните за кандидатот за градоначалник Љупчо Панукоски и советничката листа на СДСМ и Коалицијата.
„Борбата за Дебарца, за секоја наша општина е борба за нашиот заеднички дом. Мора заедно да се избориме, бидејќи ова не се само обични локални избори, ова е моментот кога ја пишуваме контурата за иднината на нашите семејства и нашите деца, иднината на Македонија. Ако сега ја испратиме порака дека е доста од ваквото владеење на ВМРО-ДПМНЕ, од рушењето на стандардот, од падот на економијата, од разочарувањата, Македонија ќе може да ја вратиме во рацете на граѓаните а не на неколкумина во власта“ истакна генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ.

Тој порача дека Љупчо Панукоски е човек кој знае, може и сака да ја води Дебрца напред:
„Љупчо е кандидат кој доаѓа од народот и ќе остане со народот. Тој е чесен, посветен и подготвен за работа. Со Љупчо на чело, Дебрца ќе има развој, ќе има нови инвестиции, подобра инфраструктура и услови за младите да останат тука, дома.“

Со силна мобилизациска порака тој повика:
„На 19 октомври сите да излеземе и да го поддржиме Љупчо Панукоски за градоначалник и советничката листа на СДСМ и Коалицијата. Да гласаме за број 5 – симбол на нашата борба, на нашата заедничка иднина. Да покажеме дека никој не е посилен од народот кој се бори за својот дом!“
Граѓанскиот собир во Дебрца заврши со порака на единство и решителност – СДСМ и коалицијата се тука, за секој човек, за секое маало, за секоја улица, за Дебрца и за Македонија.