Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, заедно со екипите на општинските хигиеничари, вчеравечер го расчистуваше натрупаниот смет околу контејнерите на повеќе локации во Центар.
„Да не дозволиме сето она што не го прави комуналното претпријатие и неговата негрижа да останат проблем на граѓаните, ние сме тука за заедно да ги решаваме проблемите. А, сега продолжуваме сите заедно да го чистиме Центар поради негрижата на Градот“, изјави Герасимовски на терен.
Тој посочи дека продолжува акцијата динамично, со цел што побрзо да се нормализира состојбата.
„Продолжуваме на следна локација. Заедно со хигиеничарите, ќе ги средуваме другите населби, една по една. Сите контејнери се полни, и на булеварите. Центарци нема каде да паркираат, и паркинг-местата се узурпирани со смет. Се надевам дека градската власт ќе се свести, ќе ја преземе одговорноста и ќе ни го направи градот почист. Ако не го направат тоа, нашите служби повторно ќе ја завршат работата на Градот“нагласи Герасимовски.