Во Струга, кандидатската листа на ЗНАМ содржи повеќе кандидати поврзани со семејни релации – сопружници, братучеди и поблиски роднини, според доставениот список со редни броеви.
Носител на листата е Игор Митрески (бр. 1). На бр. 9 е неговата сестра Емилија Митреска, а на бр. 23 втората сестра, Катерина Тодоровска. На бр. 13 е првиот братучед Кирил Митрески; нивните татковци се браќа.
На бр. 2 е Марио Ѓиноски, додека на бр. 5 е неговата мајка Соња Ѓиноска.
Во горниот дел од листата се и Ивана Коркутоска (бр. 3) и нејзиниот татко Александар Коркутоски (бр. 7). Веднаш по Ивана, на бр. 4 е нејзиниот тетин Љупчо Симакоски; Симакоски и Коркутоски се баџанаци.
На бр. 6 е Дејан Столевски, а на бр. 17 неговата мајка Слаѓана Столевска.
Листата вклучува и повеќе брачни двојки: Димче Димоски (бр. 8) и Жаклина Димоска (бр. 14), Елизабета Скрческа (бр. 12) и Дејан Скрчески (бр. 16), како и Кристијан Мечкароски (бр. 19) и Бисера Мечкароски (бр. 21).
Меѓу кандидатите има и браќа: Влатко Делиоски (бр. 20) и Крсте Делиоски (бр. 22).
Податоците се наведени како што стојат во објавениот флаер кој е дистрибуиран до граѓаните со редни броеви.