Војницалиевска: Муцунски и Митески имаат нула нови градинки за 4 години во Аеродром, околу 700 деца чекаат за запишување секоја година

Кандидатка за советник во Советот на општина Аеродром од редовите на СДСМ,  Драгослава Војницалиевска, денеска рече дека за 4 години, ВМРО-ДПМНЕ во Општина Аеродром не изгради ниту една од ветените 4 нови градинки.

„Овие градинки беа првиот од 7-те топ приоритети на Муцунски и Митески во програмата со кои ја освоија довербата на нашите сограѓани од Аеродром. Митески и Муцунски ветија целосно нови градинки во Острово, Мичурин, Лисиче и Долно Лисиче. Четири години подоцна, ниту една од овие ветени градинки до денес не е изградена. Околу 700 дечиња годишно се на листа за чекање за упис во градинка, заради недостатокот на места во градинките во Аеродром“, рече Војницалиевска.

Таа ги потсетува жителите на Аеродром дека во моментов единствениот објект на градинка кој се гради е во Стар Аеродром со 70.000.000 денари, и тоа со средства обезбедени од Владата на СДСМ во 2024 година.

„Само за споредба, кога со Општина Аеродром управуваше СДСМ се изградија 2 нови градинки со вкупен капацитет од 400 деца. Целосно нов објект Црвенкапа во Стар Аеродром со капацитет од 200 деца и целосно нов објект Буба Мара во Ново Лисиче со капацитет од исто така 200 деца. Што направи ВМРО-ДПМНЕ за 4 години? Точно НУЛА нови градинки во Аеродром“, Војницалиевска.

Затоа, рече Војницалиевска, го прашуваме в.д. градоначалникот Дејан Митески:

  • Каде е ветената градинка во близина на ОУ „Браќа Миладиновци“?
  • Каде е ветената градинка во дворот на ОУ „Блаже Конески“?
  • Каде е ветената градинка на последна 17-ка во Тодор Чангов?
  • Каде е ветената градинка во Долно Лисиче?

На крај Војницалиевска, рече дека ВМРО-ДПМНЕ секогаш е со „Полни усти со ветувања пред избори, НУЛА реализација на крајот на мандатот“.

Токму затоа, таа посочи дека „Аеродром бара промени“!

Се бориме за нашиот дом!

Се бориме за нашиот Аеродром!

Зачлени се на нашиот е-билтен