(ВИДЕО) Трајановски: Нови градинки за Аеродром!

Кандидатот за градоначалник за Општина Аеродром од редовите на СДСМ, Александар Трајановски, денеска ги лоцираше најголемите проблеми во општината – недостатокот на слободни места во детските градинки.

Тој информираше дека родителите со години се соочуваат со листи на чекање за упис во градинка и преголеми групи на деца во градинките.

„Секое дете во Аеродром мора да има свое место во градинка. Тоа е еден од главните приоритети на кои ќе се посветам како иден градоначалник. Не нудиме неостварливи ветувања. Две нови современи детски градинки предвидовме за следните 4 години – една во Мичурин со капацитет од 300 деца и една во Ново Лисиче со капацитет од 150 до 250 деца. Овие градинки ќе бидат изградени по највисоки стандарди, со енергетски ефикасни објекти, целосна пристапност за лица со попреченост и со современи услови за престој, воспитание и игра“, рече Трајановски.

Со тоа, потенцираше Трајановски, ќе бидат отвовени повеќе од 450 нови места за децата во Аеродром. Според него со дополнително проширување на постоечките градинки конечно ќе боде решен долгогодишниот проблем со недостигот на капацитети во градинките.

„Нашата цел е ниедно дете во Аеродром да не остане без место во градинка. Заедно се бориме за нашиот дом“, рече Трајановски.

Зачлени се на нашиот е-билтен