Синдикатот на културата на Република Македонија (СКРМ) денеска ќе одржи прес-конференција пред Министерството за култура, на која ќе ги презентира првите судски одлуки по поднесените тужби на вработените во културните институции.
Од СКРМ соопштија дека судот утврдил повреда на правата на културните работници, донесувајќи пресуда во нивна корист поради незаконски одлуки за плати.
„Пресот ќе биде посветен на повеќе од 800 поднесени тужби поради неправедната пресметка на платите и незаконито донесените решенија. Судот веќе потврди дека правата на културните работници биле повредени“, наведуваат од Синдикатот.
На прес-конференцијата ќе бидат најавени и следните чекори што СКРМ ќе ги преземе за целосна заштита на правата и достоинството на културните дејци во земјава.