Претставување на изборната програма денеска во Тетово, како и населените места Сараќино и Фалише кои се во рамки на општинските граници, имаше кандидатката за градоначалник на Тетово од Левица, Катка Божиноска. Таа беше придружувана од партискиот потпретседател Реџеп Исмаил-Хактан, членот на партискиот Президиум Александар Симонов и координаторот на ИЕ 6, Игор Димески.
На денешните средба со граѓани им ја образложуваме нашата програма, нашата визија за Тетово и нашите цели, посочи Катка Божиноска.
Потпретседателот Исмаил истакна дека за Тетово имаат поинаква политичка понуда од се што е видено досега.
„Таа не е етничка — таа е национална. Понуда што обединува, понуда која е во служба на сите тетовчани. Ние нудиме пат на обнова и заедништво. Платформа преку која конечно ќе ставиме крај на дезинтеграцијата, на неправдата што го задушува градот. Време е Тетово повторно да блесне — како што некогаш беше, град бисер под Шара, град на достоинство, култура и заеднички живот, истакна Реџеп Исмаил-Хактан“, потпретседател на Левица.
На средбите со граѓаните програмските цели ги образложи и Боби Илиевски, носителот на листата со кандидати за советници за Општина Тетово.