Јовановски: Наместо нови градинки, училишта и паркинзи во Аеродром, 4 години празни ветувања

Јовановски рече дека наместо нови градинки, училишта и паркинзи во Аеродром,граѓанитена Аеродром добиле 4 години празни ветувања

Кандидат за советник во Советот на општина Аеродром, Марјан Јовановски, денеска рече дека четири години беа доволни да се види вистинското лице на ВМРО-ДПМНЕ во општина Аеродром. Посочи дека како што почнал Тимчо Муцунски така и завршил неговиот наследник Дејан Митески, ‘без визија, без резултати и без чувство за одговорност кон граѓаните на Аеродром’.

„Наместо развој, добивме застој. Наместо нови градинки, училишта и паркинзи, добивме празни ветувања и нерешени проблеми. Ниту една нова градинка, ниту еден нов кружен тек, ниту метар ново зеленило. Општината изгледа запуштено, неискосени тревници, нефункционални паркови, а попезно најавуваните проекти пред 4 години, останаа само на хартија, а денеска со истите проекти, повторно ја бараат поддршката. Муцунски и Митески ветија „хумана урбанизација“, „паметни паркови“, „еко-полиција“ и „нови инвестиции во инфраструктурата“ – реалноста е спротивна. Граѓаните добија урбанистички хаос, нефункционална администрација и систем во распаѓање“, рече Јовановски.

Тој посочи дека ВМРО-ДПМНЕ без трошка срам, повторно ја бара поддршката од граѓаните на Аеродром, од оние исти граѓани што четири години ги оставија без ниту еден реализиран проект.

„Аеродром заслужува повеќе! Се избориме за нашиот дом!“, заврши Јовановски.

Зачлени се на нашиот е-билтен