Никогаш не сум спречил контрола, ДПМНЕ во очај ја крие вистината за Кочани, напиша во објава на социјалните мрежи пратеникот на СДСМ и поранешен министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

Тој денеска ги демантираше лагите од страна на ВМРО-ДПМНЕ изнесени на прес конференција.
„Најостро ги демантирам лагите и манипулациите коишто ВМРО-ДПМНЕ ги пласира. Ги отфрлам како целосни невистини. Ова е класичен пример за очајна манипулација. Никогаш, ниту во еден момент, не сум се јавил за да спречам контрола, напротив, фактот што контроли имало насекаде е најсилна потврда дека ниту сум влијаел, ниту постои било каков обид за тоа.
Овие лаги кои ги шири власта се очаен обид на ВМРО-ДПМНЕ за последна злоупотреба на трагедијата во Кочани за политички цели, во момент кога јавноста веќе знае дека токму нивни функционери, од сите ешалони на власта, биле директно инволвирани во случајот „Пулс“ а сега се заштитени.
Сакам да им порачам дека со спинови и лаги не може да се побегне од фактот дека власта ја попречува правдата за трагедијата во Кочани.“ стои во објавата на Спасовски.