Овие денови, додека трае предизборната кампања, граѓаните на Македонија се зачудени додека ја слушаат музичката подлога на телевизиските и видео кампањаите за на социјалните мрежи на ВМРО-ДПМНЕ, која е, всушност, фрагмент од песната „Земјо моја“ на композиторот Јане Коџобашија, а ја испеа Никола Давидовски Коле пред 48 години. Во време на Тито.

“Колку векови во темнина си била, колку темни сказни знаеш, земјо мила, колку страдања на рамена си збрала, колку жртви ти за слобода си дала…” се дел од стиховите на песната “Земјо моја”, која во 1977 година на Скопскиот фестивал ја испеа Давидовски, а ќе се пее и денеска на Денот на независнота на Македонија.
Во времето кога настанала песната Коле работел во Радио Скопје и почнал поинтензивно на пее и да настапува. Така се запознал со новинарот Коџобашија и започнала нивната соработка.
„Самиот тој ме повика да преслушам две песни кои веќе му беа подготвени. Кога ја слушнав веднаш реков дека ќе ја земам. Подоцна и другата ја преслушав, но одлуката веќе беше донесена. Ми легна на „прва“. Само што ја почнав песната на Фестивалот, уште на првите неколку стиха добив бурен аплауз, а кога го испеав првиот рефрен, публиката веќе беше на нозе и аплаудираше. И не згрешив, и денеска по 46 години песната уште трае и кој знае уште колку ќе трае“, се сеќава Давидовски, кој вели дека по Фестивалот неговата популарност драстично пораснала, па покани за снимање доаѓале од сите страни на поранешна СФРЈ.
Ова вонвременско ремек-дело на Коџабашија се слушало и низ поголемите градови на поранешна Југославија, а повозрасните велат дека токму со неа бил пречекуван Маршалот Јосип Броз Тито кога доаѓал во посета на нашата земја, пишуваше своевремено Слободен печат.
За жал до пред 5 години оваа песна како да падна во заборав и ретко имаме прилика да ја слушнеме на програмите на радиостаниците, но во 2020 година, благодарение на младиот и талентиран Даниел Крстески, оваа нумера повторно заживеа, откако Крстески ја спакува во помодерен аранажман со модерна интерпретација.
Своја верзија на оваа песна имаат и „песнопојците“ на ВМРО-ДПМНЕ Андријана Јаневска и Игор Дурловски, и најверојатно инструменталната верзија на оваа „Земјо моја“ е музичката подлога на кампањата на оваа партија на овие локални избори.