(ВИДЕО) Скопје: Возач се качи на тротоар за да ја избегне колоната – за малку ќе прегазеше пешак

Утрово, во близина на Полигон – на потегот од „Бриколаж“ кон Автокоманда – возач реши да ја „надмудри“ колоната и да го претвори тротоарот во свој пат. Според сведоци, за малку ќе прегазел пешак кој во тој момент се движел по тротоарот.

Ваквите „генијални“ потези станаа секојдневие во Скопје – таму каде што нема паркирани возила, тротоарите стануваат коловозни ленти. Наместо безбедно место за пешаците, тие се претвораат во уште една зона на ризик.

Очигледно, во градот каде што сообраќајната култура одамна се изгубила, тротоарот е сè – само не место за пешачење. Во Скопје, навистина, сè е можно.

Зачлени се на нашиот е-билтен