Од ЈСП Скопје информираат дека, поради прекин на испораката на природен гас кон Македонија од страна на НОМАГАС АД Скопје, на 17 октомври 2025 година е можно да има отстапувања од возниот ред.
Од претпријатието додаваат дека, доколку има промени во времетраењето на прекинот, граѓаните ќе бидат навремено известени, и упатуваат благодарност за разбирањето.