Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Бужаровска: Некои машки автори се чувствуваат загрозени зашто сцената не им припаѓа само ним, туку мора да ја делат со нивните колешки

Румена Бужаровска во интервју за порталот Рацин.мк, на прашањето како се чувствува во „друштво“ на писателките како што се Симон де Бовоар, Вирџинија Вулф, Жорж Санд, Маргарет Атвуд и дали како авторка прифаќа дека му припаѓа ѝ на феминистичкта литература како посебен книжевен правец, вели дека дефинитивно има нов тренд во кои авторките се поприсутни и уште поприсутни се читателките кои сакаат да читаат жени.

„Но, внимавајте. Тоа не значи дека се побројни од машките автори, ниту пак дека се понаградувани. Далеку е од тоа. Далеку сме дури и од еднаквост во тоа поле. Во денешно време само почнавме повеќе да ги забележуваме авторките и делата со женски теми. Некои машки автори, поради тоа, се чувствуваат загрозени, зашто сцената не им припаѓа само ним, туку замислете, мора да ја делат со нивните колешки“, истакнува писателката Румана Бужаровска во интервјуто за Рацин.мк.

Бужаровска вели дека прифаќа дека е општествено ангажирана како феминистка, со проекти како „ПичПрич“ или со други иницијативи во кои ја поддржува ЛГБТИ заедницата, но дека прави разлика меѓу тоа да се биде активистка од една страна и писателка од друга.

Родовите улоги играат голема улога во секој од расказите и како општествени прашања се меѓусебно поврзани и не се исклучуваат едни со други, нагласува Румена Бужаровска, авторката на збирката раскази „Мојот маж“, која досега е преведена на 13 јазицим, а неодамна беше објавена и на грчки јазик и која минатата година се најде на листата на 100 највпечатливи книги за 2022 во Франција според француското книжевно списание „Лир“ (Lire).

„Мислам дека на сцената не се враќаат, туку доаѓаат писателките, што е резултат на вековната борба за родова еднаквост. Имам среќа што живеам во време во кое имам повеќе права од мајка ми и од моите баби и прабаби, па ете, можам да сум писателка и јавна личност. Треба да имаме предвид дека процентуално, жените многу повеќе читаат од мажите, така што е природно публиката да бара да чита нешто со кое може да се поистовети, за разлика од порано кога сме читале „машка“ книжевност, т.е. дела од мажи во кои се зборувало за мажи. Така што, не би рекла дека на сцена се враќа „ангажираната“ книжевност, туку дека на сцената доаѓаат гласови кои досега биле стишувани“, потенцира писателката Румена Бужаровска во интервјуто за порталот Рацин.мк

Најново