По бројните реакции и телефонски јавувања од страна на апликанти кои се соочија со технички проблеми при поднесување на своите апликации, Министерството за култура и туризам соопшти дека рокот за аплицирање се продолжува до вечерва, 31 октомври 2025 година, до 23:59:59 часот.
Како што стои во соопштението, оваа одлука е донесена „со цел сите заинтересирани апликанти да можат да го искористат своето право“, откако во текот на денот пристигнал голем број јавувања поврзани со технички потешкотии во системот за е-услуги.
По бројните реакции и телефонски јавувања од страна на апликанти кои се соочија со технички проблеми при поднесување на своите апликации, Министерството за култура и туризам соопшти дека рокот за аплицирање се продолжува до вечерва, 31 октомври 2025 година, до 23:59:59 часот.Инаку, годинашниот конкурс се одвива во знакот на бројни поплаки — апликантите пријавуваат дека платформата не ги препознава документите, не чита матични броеви и често прикажува пораката „System Error 500“ при последниот чекор од аплицирањето.
Со продолжувањето на рокот, Министерството им дава дополнителна можност на сите апликанти да ги завршат своите пријави и да го искористат продолженото време за поднесување на проектите.
Нов краен рок: 31.10.2025 (петок) во 23:59:59 часот.

