Пациентите со сложени срцеви аритмии веќе нема да мора да бидат упатувани во странство

аритмии

За прват во државава на Универзитетската клиника за кардиологија е извршена Аблација за коморна тахикардија. По тој повод Клиниката денеска ја посетија министерот за здравство Азир Алиу и генералниот директор на Фондот за здравствено осигурување Сашо Клековски.

Алиу на прес-конференција во Клиниката рече дека тимот од Кардиологија покажал дека во македонското здравство има знаење, храброст и визија за врвни резултати. Според него, ова е голем чекор напред во здравството.

Директорката на Клиниката Даница Петкоска Спирова рече дека ова претставува значаен чекор во развојот на електрофизиологијата и потврда за високата стручност и посветеност на тимот од Клиниката.

– Со оваа процедура овозможуваме навремето и ефикасно лекување на пациентите со сите видови аритмии за кои досега дел од нив беа упатувани на третман во странство на товар на ФЗО, рече Петкоска Спирова. 

Рацин.мк ве прашува:

Дали имате доверба во квалитетот на храната што се продава во Македонија?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дали имате доверба во квалитетот на храната што се продава во Македонија?